Шестмина полициски офицери се убиени откако нивното возило нагазило на подметната бомба на пат во авганистанската западна провинција Баџлис, соопштија денеска официјални претставници на власта, додавајќи дека во други експлозии се повредени и повеќе цивили во други делови од овој конфликтен регион, јави ДПА.

Агенцијата јавува дека четири лица се повредени утринава во инцидент во дистриктот Мукар, во истата провинција, цитирајќи ги членовите на провинцискиот совет Бахаудин Кадеси и Мохамед Насир Назари.

Офицерите патувале за главниот град на провинцијата Кала-е Нав, за да си ја земат месечната плата, изјавија претставници на локалната власт.

Во главниот град на источната провинција Нангахар тројца цивили се поврдени кога врз нив била фрлена бомба, изјави портпаролот на провинцискиот гувернер Атаулах Когани.

Тројца други цивили се повредени кога нивниот автомобил бил кренат во воздух од подметната бомба на патот во дистриктот Могамед Агха, во централната провинција Логар, соопштија провинциските медиуми.

Во северната провинција Баџлан, пак, било пронајдено телото на познатиот пензиониран универзитетски професор Азиз Ахмад Пањшири, изјави портапролот на полицијата Ахмад Џавед Башарат.

Според провицниските советници, телото било пронајдено во дистрикт што е под контрола на талибанците, но тие демантираат дека се инволвирани во убиството, јави ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 18:16