САД преземаат ативности што се насочени кон создавање услови за расправа за признавање на таканаречената Украинска православна црква и да и дадат подршка на таа расколничка организација.

-Тоа претставува доказ дека Вашингтон се обидува да предизвика поделба во православниот свет, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

По разговорот со својот грчки колега Никос Мендијас во Москва, Лавров потсети дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посети Атина пред архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним Втори, да и упати таканаречено „писмо на мирот на украинската расколничка црква“.

Помпео не криеше дека тоа прашање било на дневниот ред при неговата посета на Грција, пренесува Тасс.

Лавров, исто така, додаде дека американските дипломати имале иста цел кога ја посетиле планината Атос.

-Поглаварот на расколничката Украинска православна црква, таканаречениот Епифание, јавно кажа дека создавањето на таа организација ќе било невозможно без директната поддршка од САД, потсети Лавров.

Тој оцени дека сега е сосема јасно дека Вашингтон нема намера тука да запре и дека ќе се обидува да изврши притисок за да дојде до поделба во праволсавниот свет генерално.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2019 18:53