Првпат по две децении демократите извојуваа целосна контрола врз законодавната и извршната власт во Вирџинија, а најверојатно ќе прокнижат победа и во републиканското упориште Кентаки, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во Вирџинија, добиен е Сенатот и Претставничкиот дом на сојузната држава. Се оценува дека со добиената власт овде, демократите имаат отворено поле за победа во битката за Белата куќа.

Во Кентаки, исто така, триумфираа демократите – нивниот претставник Енди Бешер објави победа над актуелниот гувернер Мет Бевин. Тој засега нема признато пораз бидејќи разликата во гласовите е тесна и сеуште се пребројува, и повика на неправилности. Кентаки се сметаше за републиканско упориште и претседателот Доналд Трамп во последен момент дојде овде за да осигура победа.

Разултатите од вчерашното гласање праќаат сигнал за двете партии, една година до претседателските избори. Избирачите во провинциските места на Кентаки и Вирџинија гласаа во полза на демократите и ако овој тренд продолжи, реизборот на Трамп во Белата куќа станува неизвесен. Успехот на демократите се должи на стратегија да се избегнуваат такви теми како „општо здравствено осигурување“, кое доминираше на досегашните демократски дебати на кандидатите за претседател од оваа партија.

Во Вирџинија, демократите извојуваа победа во оние делови каде подршката за партијата постепено се зголемуваше во изминатите години. Слично и во Кентаки, Бешир избоксува победа во оние приградски делови кои пред четири години гласаа за републиканецот Бевин. Во другите делови избрани се републикански, но факт е дека демократ има голема шанса да стане гувернер на оваа сојузна држава.

Избори вчера имаше и во Мисисипи, и Трамп ја посети сојузната држава за поддршка на тамошната силна партиска база, каде во жестока трка, победи актуелниот заменик гувернер, републиканецот Тејт Ривс, на кого ми се спротивстави државниот обвинител, демократот Џим Худ.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 00:39