Романска претставничка во новата Европска комисија ќе биде европратеничката Адина Валеан, дознава порталот Еуроактив.

Новата романска Влада на десниот центар денеска номинираше двајца свои европратеници, Адина Валеан и Зигфрид Мурашан.

Според извори на Еуроактив, новата претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, инсистирала на потребата за еднаква родова застапеност во Комисијата, иако романската Влада повеќе го сакала Мурешан.

Порталот добил информација дека Романија ќе го добие ресорот проширување, а не сообраќај, како што претходно било планирано. На тој начин ресорот сообраќај ќе и припадне на Унгарија.

Критичарите, меѓутоа, укажуваат на тоа дека Фон дер Лајен не инсистирала на комесарка во случајот на Франција, кога Тиери Бретон ја замени отфрлената кандидатка Силви Гулар, додека во случајот со Романија тоа, сепак, го сторила.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 00:51