Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека нејзиниот највисок функционер привремено се повлекол од функцијата, откако внатрешна истрага предизвика загриженост за евентуално сексуално недолично однесување, непотизам и други злоупотреби на службената должност во агенцијата.
Агенцијата на ОН за помош и организација на работата не го спомна генерално секретарот Пјер Крахенбул по име, но соопшти дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за сега го назначил Кристијан Сондерс за „главен офицер“ во организацијата.
Во соопштението објавено денеска, се вели дека канцеларијата за внатрешен надзор на ОН утврдила „голем број области што треба да се зајакнат“ на УНРВА, која им помага на 5,5 милиони палестински бегалци.
Во доверлив извештај на канцеларија на ОН за етика, кој во јули го објавија некои светски агенции, се споменува дека раководители на УНРВА, вклучувајќи го и Крахенбул, „се занимавале со сексуална злоупотреба, непотизам, одмазда, дискриминација и други злоупотреби на службената должност“.