Холандски адвокат, кој живее во пограничниот град Гронау, денеска беше застрелан и сериозно во напад насочен кон него, соопштија германските власти и холандска адвокатска фирма.

– Напаѓачите отвориле оган врз бело возило со холандски регистарски таблички, изјави обвинителот од Мунстер, Мартин Боценхард, чија канцеларија ја води истрагата. Тој рече дека жртвата е во болница и нема информации за неговата состојба, но дека разговарал со властите по нападот.

Холандската адвокатска комора напиша на својот профил на Твитер дека е шокирана од обидот за убиство, и прецизираа дека жртва е адвокатот Филип Шола.

Тој е втор холандски адвокат кој беше нападнат во последните неколку недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 00:51