Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека новите руски оружја нема да имаат конкуренција во светот, но и оти Русија нема никому да му се заканува.

Говорејќи на состанок со високи воени офицери, Путин рече дека ниту една друга земја нема хиперсонично, ласерско и друго оружје од новата генерација како што нарачала руската војска, но додаде дека „тоа не е причина за закани кон некого“.

Според него, новите оружени системи се прават исклучиво „за да се обезбеди сигурноста на Русија од нови закани“, а Русија ќе продолжи да работи на контрола на оружјето.

Односите меѓу Русија и Западот паднаа на најниско ниво од Студената војна поради конфликтите во Украина и другите несогласувања, коментираат светските медиуми.

Во 2018 година, Путин најави цела низа нови оружја, вклучувајќи хиперсонична едрилица, нуклеарен подводен дрон и крстосувачки ракети на нуклеарен погон.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 01:01