Антивладините демонстранти во Ирак денеска го заземаа четвртиот мост во центарот на Багдад, од каде безбедносните сили ги одбиваа со палки и солзавец, повредувајќи десетици луѓе, додека еден лекар е убиен во близина на друг мост додека им помагал на демонстрантите.

Армијата ги повика демонстрантите да престанат да блокираат патишта и пристаништа, истакнувајќи дека тоа Ирак досега го чини шест милијарди долари и вети дека ќе ги уапси одговорните за нередите.

Американската Амбасада ја повика Владата „сериозно и итно да се ангажира“ околу демонстрантите и ги осуди нападите врз нив.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во главниот град и шиитскиот југ во последните недели, барајќи големи политички промени.

Демонстрантите се жалат на широко распространета корупција, недостиг на можности за вработување и лоши основни услуги, особено редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија и покрај огромните резерви на нафта во Ирак.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 01:15