Најмалку 10 лица загинаа, а десетици се повредени или исчезнати по напад врз конвојот што превезувал работници од канадската рударска компанија Семафо во источниот дел на Буркина Фасо.
Делови од Буркина Фасо во последните години се зафатени од исламско екстремистичко насилство, а Семафо ја засили безбедноста по минатогодишните вооружени инциденти во близина на два од рудници на компанијата.
Безбедносни извори изјавиле дека возило, кое било дел од воената придружба на конвојот, прво било погодено од импровизирана експлозивна направа.
По експлозијата, непознат број вооружени лица отвориле оган врз конвојот.