Претседателите на Турција и на САД Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп потврдија за време на телефонскиот разговор синоќа дека ќе се сретнат во Вашингтон на 13 ноември, соопштија турските власти.

Средбата ќе се одржи на покана на Трамп.

Турскиот и американскиот лидер разговараа и за билатералните прашања и регионалниот развој, додаваат неименувани официјални претставници.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 10:13