Двајца поранешни вработени во Твитер и еден Саудиец се обвинети во САД за шпионажа на таа социјална мрежа во корист на Ријад.

Али Алзабарах, Ахмад Абуамо и Ахмед Алмутаири се „саудиски агенти“, се вели во изјавата на федералниот обвинител на Калифорнија, Дејвид Андерсон.

-Обвинетите пребарувале системи на Твитер за да добијат информации од противници на саудиските власти и за илјадници други корисници на социјалната мрежа, рече Андерсон.

Абуамо беше уапсен во Сиетл, додека другите двајца се верува дека се во Саудиска Арабија.

Ахмед Алмутаири се сомничи дека бил врска меѓу двајцата техничари на Твитер и саудиската влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 10:16