По анонимна дојава за подметнат експлозив утринава превентивно се затворени неколку станици на киевското метро и тоа во време на утринскиот пик за на работа.

Веста на Твитер ја соопшти „Киевски Метро“, наведуваат украинските медиуми.

Во соооштението се наведува дека метро станиците „Золотнија ворота“, „Красниј хутор“ и „ Академгородок“ се затворени бидејќи стигнала анонимна пријава за поставен експлозив.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 11:57