Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) идентификува 2.000 руски државјани кои се роднини на екстремистички борци на Блиски Исток.

Според ФСБ тие би можеле да се вратат во Русија и да претставуваат закана по безбедноста на земјата.

Директорот на ФСБ, Александар Бортников изјави дека таквите луѓе се обидуваат да пристигнат во Русија откако преку хуманитарните коридори ќе заминат од зоните на конфликт на Блиски Исток.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 13:56