Францускиот претседател Емануел Макрон во драматично интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа на смртна постела, а Европа на работ на амбис.

Во интервјуто Макрон ги предупредува европските земји членки дека веќе не можат да се потпираат на САД , односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на Алијансата.

-Тоа низ што во моментов минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа се наоѓа на работ на амбис, рече Макрон, додававајќи дека Европа мора да почне стратешки да размислува за самата себе како за геополитичка сила. Во спротивно, Европа веќе нема да ја конролира сопствената судбина, рече францускиот претседател.

Макрон смета дека Америка и Европа досега делеле заеднички интереси, како и дека тој неуморно се трудел да ги оддржи добрите односи со американскиот претседател Доналд Трамп. Но, смета дека САД за првпат имаат претседател кој „не ја дели нашата идеја за европски проект“ и дека, дури и Трамп да не победи на следните избори, историските текови го направиле своето и ги раздвоиле старите сојузници.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 14:08