Мексикански антрополози соопштија дека откриле два рова, ископани пред 15.000 години, од луѓе ловци на мамути.
Наодот е заслуга на Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја. Рововите во околината на градот Тултепек, северно од Мексико Сити, се длабоки 1,7 метри и долги 25 метри.
Во нив се откриени околу 800 коски од 14 мамути. Од институтот соопштуваат дека станува збор за најголемото археолошко наоѓалиште од ваков вид во Мексико. Се претпоставува дека во таа област имало голем број мамути, кои живееле покрај луѓето, бизони и други животни.
Највпечатливи, секако, се бивните – оние карактеристични издолжени заби вон устата на мамутот и кај некои други цицачи.