Меѓународниот кривичен суд денеска го осуди конгоанскиот воен лидер Боско Нтаганда, познат како „Терминатор“, на 30 години затвор, откако беше осуден за злосторства, вклучувајќи убиство, силување и сексуално ропство.

Нтаганда во јули беше прогласен за виновен по 18 точки од обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото во етничкиот конфликт во регионот Конго во 2002-2003 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 14:24