Литванскиот Парламент денеска донесе закон со кој се овозможува размена на шпиони со Русија.

Со размената треба да биде опфатен норвешкиот државјанин Фрод Берге, кој отслужува 14-годишна затворска казна за шпионажа во руски затвор.

Новиот закон овозможува претседателот на Литванија да има право да помилува осуденици кои се вклучени во договорот за размена.

Од друга страна, Литванија може да и предаде на Русија човек осуден на 10 години затвор за шпионирање за руската разузнавачка служба.

За возврат, двајца Литванци осудени на по 12 години поради шпионажа во Русија ќе бидат ослободени од руски затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2019 14:43