Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска објави соопштение по повод Националниот ден за спомен на жртвите на комунизмот што во САД се одбележува од пред две години.
-Се сеќаваме на повеќе од 100 милиони жртви на комунистичките репресии, денеска кога повторно ја потрдуваме својата силна намера за иднина на мир и прогрес за сите. Иднина заснована на клучните принципи на демокартијата: Слобода, правда и длабоко почитување на вредноста на секој човечки живот, изјави американскиот претседател.
Трамп истакна дека Националниот ден за спомен на жртвите на комунизмот се совпаѓа со 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, што в сабота се одбележува во Германија.
-Одлучноста на многу мажи и жени ги отелотворија зборовите на претседателот Роналд Реган во моментална акција, рушејќи го симболот на тоталитаризмот и испраќајќи порака насекаде дека демократијата и владеењето на правото секогаш ќе царуваат над обесправеноста и тиранијата, се вели во изјавата.
Трамп посочува дека токму со споменот за жртвите на комунизмот низ целиот свет „треба да се стремиме кон постојана одбрана на скапоцените слободи кои поттикнуваат мир и огромен прогрес“.
Одбележување на Национален ден за спомен на жртвите на комунизмот е утврдено од сегашната администрација на 7 ноември 2017 година. Како еден од поводите беше 100-годишнината од болшевичката револуција во Русија, од која неколку години подоцна беше создаден Советскиот Сојуз