Најмалку шест антивладини демонстранти беа убиени, а 38 се повредени кога ирачките безбедносни сили денеска отворија оган врз нив во Багдад, соопшти полицијата и медицински извори.

Престрелката се случила во близина на мостот Шухада, за време на масовните протести што се одржуваат веќе 13-ти ден по ред.

Во јужниот дел на Ирак, десетици демонстранти палеа гуми и го блокираа влезот во пристаништето Ум Каср, а безбедносните сили употребиле муниција и солзавец за да ја разбијат толпата собрана пред зградата на локалната власт.

Во протестите против лошиот стандард и лошата работа на јавните служби, кои почнаа на 1 октомври, досега се убиени повеќе од 260 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 01:16