Јавното мислење во Франција е критично настроено за политиката на владата во областа на имиграцијата, но Французите сепак ги одобруваат новите најавени мерки на владата со кои се заоструваат критериумите за доаѓање и барање на азил во Франција, јави дописникот на МИА.

-Дали владата е убедлива кога тврди дека сака да ја „врати контролата“ на „миграциската политика? Најновата анкета на Одокса-Дентсу Консалтинг за Ле Фигаро и Франсинфо го покажува скептицизмот на Французите: дури 73 отсто од нив имаат лошо мислење за целокупната политика за имиграција.

Извршната власт не го убедува мнозинство од која било категорија на население на оваа тема. Без оглед на возраста, занимањето или местото на живеење на испитаниците. Само приврзаниците на Република во движење (ЛРЕМ), претседателската партија, две третини од испитаниците (68 отсто) имаат добро мислење за политиката на владата. Но, симпатизерите на левицата и десницата, не ја одобруваат владината акција: 81 отсто од испитаниците на Непокорна Франција (левица)имаат неповолни мислења, дури 60 отсто кај симпатизерите на социјалистите, 68 отсто кај екологистите (ЕЕЛВ), но и 85 отсто на лоши мислења кај републиканците (ЛР) и 89 отсто од националниот собир (РН)-крајната десница.

Оваа едногласност во отфрлањето се заснова на „дијаметрално спротивни причини“, потсетува Одокса. Исто така се забележува дека „ниту една партија не е во фаза со мнозинството на французите за имиграцијата“.

Подетално, најновите мерки што ги објави премиерот Едуар Филип одат „во вистинската насока“ за мнозинство Французи: 61 отсто одобруваат квоти за имигранти според професиите и занаетите кои и недостасуваат на францускиот пазар на трудот и 63 отсто се за заострување на условите што дозволуваат илегалните имигранти да имаат пристап до мерките за медицинска нега, како што е Државната медицинска помош (АМЕ).

Според Вероник Рејл Соулт, раководител на Дентсу Консалтинг, анализата на социјалните мрежи открива дека „многу французи би сакале – што не е случај – да планот претставен пред парламентот во блиска иднина вклучува и мерка за обединување на семејството. Така 66 отсто од нив се за заострување на критериумите на оваа постапка утврдени од владата на Ширак во 1976 година . Оваа реформа, отфрлена од владата, е исто така единствена што добива одобрение од сите политички семејства во Франција, освен кај екологистите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 10:17