Претседателот на Европската комисија во заминување Жан Клод Јункер изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови нема да воведе нови царини за увоз на европски возила.

– Трамп малку ќе критикува, но нема да има царини (дополнителни) за автомобилите, рече Јункер во интервју за денешниот германски весник Зидојче цајтунг.

САД до средината на ноември треба да одлучат дали ќе ги зголемат царините на автомобилите и резервните делови кои доаѓаат од ЕУ. Во мај Трамп ја одложи својата одлука за воведување дополнителни царини, на шест месеци, до ноември.

Доколку се воведат, тие мерки пред се ќе ги погодат германските производители како што се Фолксваген, БМВ или Дајмлер.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 10:29