Оперскиот пејач Пласидо Доминго нема да настапи на предолимписките културни свечености во Јапонија, соопшти Организациониот одбор за Олимпијадата во Токио идната година.

Доминго одлучил да не настапи на оперскиот настап закажан во април којшто треба да се случи во традиционалниот јапонски театар Кабуки. Надлежните ја прифатиле таа негова одлука.

Против познатиот пејач се подигнати неколку обвиненија за сексуално вознемирување од пред повеќе десетлетија. Неколку жени го обвинуваат дека ја искористил својата положба за да ги принуди на сексуален однос, во годините додека бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес.

Иако самиот тој тие обвинувања ги нарече „длабоко загрижувачки и неточни“, на Доминго потоа му беа откажани и настапи во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 15:10