Спасени се 35 рудари, кои беа заробени по експлозијата во рудникот на калиум во источна Германија, јавуваат германските медиуми.

Двајца рудари се повредени, а во операција за спасување сите се извлечени од длабочина од околу 700 метри.

По експлозијата, тие биле сместени во безбеден сектор на рудникот Тојтшентал, кој се наоѓа на околу 150 километри југо-западно од Берлин.

Рударската упра соопшти дека едниот од повредените е во сериозна здравствена состојба, а другиот е само полесно повреден. Како што се наведува, рудникот веќе не е активен, но се користи за депонирање на руден отпад.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2019 15:19