Меѓу 39-те виетнамски жртви, чии тела беа пронајдени на 23 октомври во камион-ладилник во близина на Лондон, има десет тинејџери, соопшти денеска британската полиција.

Полицијата ги соопшти имињата во еден од најголемите случаи на шверц со луѓе во историјата на земјата.

– Наш приоритет беше да ги идентификуваме жртвите, да го сочуваме достоинството на оние кои го загубиле животот и да ги поддржиме семејствата и пријателите на жртвите, истакна помошник шефот на полицијата Тим Смит.

Британските власти во соработка со виетнамската полиција извршија идентификација на телата пронајдени на 23 октомври во камион-ладилник во местото Есекс.

Полицијата минатата недела соопшти дека сите жртви се виетнамски државјани. Примероци од ДНК се земени од семејствата во Виетнам, кои се сомневале дека нивни роднини се наоѓаат во тој камион.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 10:43