Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека размислува околу поканата на рускиот колега Владимир Путин да присуствува на комеморативната свеченост по повод Денот на победата над фашизмот во Москва на 9 мај.

– Благодарам на поканата. Настанот е на среде политичка сезона, па не сум сигурен дали ќе стигнам, но би сакал да одам доколку можам, истакна Трамп.

Тој нагласи дека е „голема работа“ да се прослави крај на војна.

Путин раководи со организирањето на парадата, со која на величенствен начин ќе биде одбележана 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „се уште не е добиен официјален одговор од американскиот претседател за неговото присуство на парадата на 9 мај во Москва“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 10:45