Американскиот милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, испрати уште појасен сигнал дека ќе се вклучи во трката за кандидат на демократите на претседателските избори, откако вчера поднел документи во неговата изборна единица во Алабама.
Блумберг (77) официјално не потврди дека ќе се кандидира, но во последните денови во американските медиуми има навестувања дека размислува за тоа, незадоволен од другите кандидати на Демократската партија.
Неговиот портпарол Џејсон Шечер изјави дека Блумберг ќе ја објави номинацијата на почетокот на следната недела.
„Њујорк Пост“ вчера објави дека познатиот американски бизнисмен, политичар, писател и филантроп Мајкл Блумберг размислува повторно да се вклучи во претседателската трка следната година, разочаран од сите големи кандидати на Демократската партија.
– Блумберг смета дека Џо Бајден е слаб, а Берни Сандерс и Елизабет Ворен не можат да победат“, нагласил извор запознаен со промената на мислењето на поранешниот градоначалник на Њујорк во три мандати, кој пред неколку месеци изрази незаинтересираност за да биде кандидат.
Демократите ќе го избираат својот кандидат за претседателските избори на 3 февруари.