Француската фотографка Валентин Моние уверува за парискиот дневен весник „Паризиен“ дека режисерот Роман Полански ја силувал во 1975 година. Неколку сведоци ја потврдуваат нејзината приказна, додека режисерот го отфрла делото, јави дописникот на МИА од Париз.

При излегувањето на филмот J’accuse (Обвинувам) во кино салите, посветен на аферата Драјфус, од Роман Полански, француската фотографка Валентин Моние одлучи да зборува за весникот, за кој тврди дека режисерот ја силувал во 1975 година, информација за која весникот објаснува дека ја проверил со неколку сведоци.

-Во 1975 година бев силувана од Роман Полански. Јас немав врска со него, ниту лична, ниту професионална, и не го познавав многу. (…) Беше крајно насилно, по скијањето, во неговата вила, во Гштаад (Швајцарија). Тој ме удри, ме тепаше до мое предавање, а потоа ме силуваше подложувајќи ме на сите негови желби. Само што имав наполнето 18 години и го имав мојот прв сексуален однос само неколку месеци претходно. Мислев дека умирам, раскажува Моние за весникот.

Делото, кои денес е застарено, се случило во вилата на режисерот во Гштаад, Швајцарија. Французинката, која беше модел и актерка во некои филмови, никогаш не поднела жалба или пријава.

– Јас ја поддржувам Валентин Моние за нејзиното шокантно, храбро и прецизно сведочење, јас и давам целосна поддршка, истакна атерката Адел Хаенел.

Актерката, која е двапати добитиничка на наградата Сезар, во сведочењето за Медијапарт истакна дека ситуацијата на Роман Полански е „за жал амблемичен случај“ на злоупотреба. Поканета во октомври на Меѓународниот филмски фестивал Ла Рош-сур-Јон (Ванде), каде што требаше да се прикаже J’accuse, таа организираше дебата за „разликата меѓу човекот и уметникот “.

Хаенел зборувајќи за неа, призна дека и таа била сексуално злоставувана на почетокот на нејзинита кариера.

Во најновиот филм на Полански, кој излезе во средата во Франција, тој ја прикажува на филмското платно една од најпознатите судски грешки во француската историја; во едно интервју, тој направи паралела со прогонот за кој смета дека е жртва, додека тој е гонет од американската правда уште од 1977 година за силување на 13-годишна малолетничка.

– Дали е издржано, под изговор на филм, под маската на историјата, да се слушне „Јас обвинувам“ од оној што те има жигосано, додека тоа истото ти е забрането како жртва да го обвиниш?, прашува Моние.

Во интервјуто за Ле Паризиен, неколку блиски на младата жена раскажаа за приказната што им ја кажала младата жена во текот на децениите што следувале, слично на онаа што ја дава денес. Весникот го цитираше и човекот. кој посакал да остане анонимен, за кого таа рече дека ја засолнил кај него по наводното силување, пред четириесет и четири години.

– Ја запознав Валентин Мониер со Полански меѓу крајот на јануари и почетокот на март 1975 година. Откако вечерав и скијавме заедно со група, по ден-два таа ми се јави и ме праша дали може да дојде во мојата куќа. Таа изгледаше вознемирена. Кога пристигна во мојата куќа, мислам дека се сеќавам дека таа беше модра на образот. Потоа ми рече дека била брутално силувана од Полански. Ја прашав Валентин дали сака да оди во полиција. Во шок, таа не знаеше што да прави, вели анонимниот сведок, додавајќи дека веднаш и „поверувал“.

Цитиран од „Ле Паризиен“, адвокатот на режисерот на филмот, Херве Темиме, рече дека „Роман Полански остро го негира секое обвинување за силување“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 16:06