Полскиот фудбалер Роберт Левандовски, причината за слабите резултати на Баерн Минхен ја гледа во немањето повеќе лидери во тимот кои ќе преземат одговорност.

– Јас и голманот Нојер не сме доволни, двајца не можат да го понесат целиот товар. Мора тимот да има по еден лидер во секоја линија, ни треба лидер и во одбраната и во средниот ред. Мислам дека јазикот не треба да биде проблем, за два-три месеци може да научите да разберете што ви кажуваат. Друга работа е дали сакате да ги примите наредбите и сугестиите, вели Левандовски.

Популарниот Лева се осврна и на навиките на новите генерации фудбалери.

– Младите можеби малку и се плашат да зборуваат. Новите генерации не се јавуваат, туку комуницираат преку пораки на телефоните, постојано се на интернет, додава најефикасниот голгетер во Бундеслигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 22:17