Познатата интернет страница за резервирање сместување Booking.com е прогласена за виновна поради нелојална конкуренција во Турција и парично казнета со 78.000 евра, објави порталот на глобалната адвокатска компанија за стопанско право ЦМС.

Иако станува збор за меѓународна компанија, Booking.com се најде на удар на турските закони, според кои сите компании кои работат во Турција (дури и преку турска мрежа) подлежат на административна и судска ревизија.

Стопанскиот суд оцени дека на Booking.com се наоѓаат реклами кои се сметаат за нелојална конкуренција (на пример „Гаранција за најдобра цена“), а тие огласи се појавуваат и во договорите со хотелите.

Судот испрати копија од својата одлука до Министерството за култура и туризам во случај на можни административни санкции против Booking.com.

Во текстот се наведува дека фирмите за е-трговија со седиште во странство, во Турција работат без дозвола и не плаќаат директни даноци.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2019 22:17