Норвешка смрека долга 23,5 метри купена како фиданка пред 60 години вчера е поставена во Центарот Рокфелер во Њујорк како најава за претстојните Божиќни празници.

Керол Шулц ја купила садницата во 1959 година и ја чувала на маса. Таа го засадила дрвото во нејзиниот двор по Божиќната сезона и ја гледала како расте, јавуваат американските медиуми.

Шулц и нејзиниот партнер Ричард О’Донел во 2010 година на Интернет страницата на Центарот Рокфелер го „кандидирале“ дрвото и пред неколку месеци дознаа дека токму нивната смрека е избрана за најпознатата новогодишна елка на светот.

Дрвото беше пресечено во четвртокот и со кран натоварено на камион.

Церемонијата на палење на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември.

Ланската елка, исто така смрека од Норвешка, беше висока 23 метри и тежеше 17 тони.

Првата елка на Рокфелер е поставена во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собрале пари и купиле елка висока шест метри, која потоа ја украсиле.

Две години подоцна, Центарот Рокфелер одлучи тоа да стане традиција и првото официјално палење на светилките го одржа во 1933 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2019 11:54