Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела во Вашингтон ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, соопшти Белата куќа.

Како што се наведува во соопштението, Трамп на 14 ноември ќе разговара со Столтенберг за зголемувањето на трошоците за одбрана и за „поправедна распределба на товарот“.

Трамп на Столтенберг ќе му ја пренесе и важноста од зајакнување на одбранбените механизми на НАТО против разни закани, вклучително и тероризмот и кибер нападите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2019 11:55