САД „многу активно“ се обидуваат да ја убедат Северна Кореја да се врати на разговорите, изјави денеска советникот за национална безбедност на Јужна Кореја, Чунг Еуи-Јонг, во момент кога се ближи крајниот рок кој Пјонгјанг му го постави на Вашингтон за да покаже поголема флексибилност.

– Јужна Кореја многу сериозно го сфаќа рокот што го постави Пјонгјанг, рече Јонг.

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун во април им даде рок на САД до крајот на годината да покажат поголема флексибилност, а функционери од земјата го предупредуваат Вашингтон да не го игнорираат терминот.

Изјавата на јужнокорејскиот официјален претставник следува во момент кога напорите за подобрување на односите меѓу двете Кореи се во застој.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2019 12:50