Водечкиот тим во англиското фудбалско првенство, Ливерпул, цели 900 дена не знае за пораз на домашен терен, а најсреќни би биле кога таа серија би продолжила и вечерва.

„Црвените“ го пречекуваат Манчестер сити во големото дерби, а иако е ноември и релативно рана фаза од првенството, мечот може да биде и клучен за титулата, ако слави Ливерпул. Така би побегнале на тешко достижни 9 бода во однос на „граѓаните“.

Последен пораз на Ливерпул дома беше од Кристал Палас, во април 2017 година. Од тогаш, тимот под палката на Германецот Јирген Клоп, на свој терен одигра 45 меча и извојува 35 победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2019 13:30