Јорданскиот крал Абдула Втори изјави денеска дека две парчиња земјиште, привремено користени од Израел, ќе бидат вратени под „целосен суверенитет“ на Јордан, во момент кога двете држави одбележуваат 25-годишнина од потпишувањето на мировниот договор.

Израел имал контрола врз земјоделското земјиште повеќе од 70 години и на државата, според договорот од 1994 година, и е дозволено да ги закупи областите, со претпоставка дека договорот ќе биде повторно продолжен.

И покрај зголемената недоверба во односите меѓу двете земји, Израел верувал дека ќе се најде решение, но обраќањето на кралот Абдула Втори во Парламентот веројатно става точка на таквите надежи и Јордан е подготвен да преземе целосна контрола врз тие области во текот на следната недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2019 16:00