Со голот на Пауло Дибала постигнат во 77.минута, актуелниот италијански шампион Јувентус синоќа на свој терен го совлада Милан. Триумфот (1:0) значеше нови три бода за Јувентус со кои повторно се искачи на врвот на табелата во Серија А.
По 12 кола „Старата дама“ има 32 бода, еден повеќе од второпласираниот Интер. Следуваат Лацио и Каљари со по 24 бода.
Милан го запиша седмиот пораз и со 13 бода се наоѓа во долниот дел на табелата.