Средба со турскиот претсесдател Реџеп Тајип Ердоган би била невкусна се додека турската армија се наоѓа на нашата територија, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за телевизијата „Раша Тудеј“ (РТ).

-Не мислам дека оној кој ја окупира вашата земја ќе биде меѓу вашите приоритети за средба, изјави сирискиот лидер во одговор на прашање дали има шанса за средба меѓу него и неговиот турски колега.

Асад, сепак, забележа дека не е против преговори со Анкара.

-Ние не ја гледаме Турција како непријател. Турскиот народ е наш сосед. Имаме заедничка историја. Непријателот е Ердоган и неговата политика, подвлече шефот на сириската држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 09:37