Познатиот руски историчар Олег Соколов (63) признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница, откако полицијата го фатила како се обидува во алкохолизирана состојба да ја скрие во река торбата со деловите од телото на девојката.

– Призна дека е виновен, изјави адвокатот на Соколов, Александар Почујев, додавајќи дека неговиот клиент жали поради тоа што го направил и соработува со полицијата.

Како што објавуваат медиумите, Соколов се обидувал во реката да ја скрие торбата со горните екстремитети на Анастасија Јешченко, по што полицијата во неговиот стан пронашла распарчано женско тело.

Соколов наводно и признал на полицијата дека ја убил Јешченко за време на нивна расправија, а потоа и ги отсекол главата, рацете и нозете.

Професорот Соколов е познат експерт за Наполеон, а добитник е на престижната француска награда Легија на честа



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 11:42