Едно момче е рането кога хонгконшката полиција пукаше врз демонстрантите во текот на новата блокада на метрото и патиштата во овој град, пренесоа локалните медиуми.

ДПА јавува дека ранетото момче се наоѓа во критична состојба.

Објавена е видео снимка на која се гледа полицаец како за врат фаќа еден демонстрант, а потоа пука во друг кој им приоѓал, јавија американските медиуми.

Полицијата соопшти дека ранетото момче е префрлено во болница, каде е операрно.

Болнички извори наведуваат дека станува збор за тешко рането 21-годишно момче.

Полицијата од Хонг Конг првпат употреби вистински куршуми во текот на протестите во август, кога беа ранети двајца тинејџери.

Демонстрантите повторно кренаа блиокади на повеќе локации во градот предизивкувајќи нова ескалација од насилство, додека антивладините протести влегуваат во шестиот месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 11:44