Демонстрантите во Каталонија денеска го блокираа автопатот што го поврзува овој шпански регион со Франција, поради што сообраќајот во двата правца е во прекин.

Демонстрантите ова го направија на повик на групата „Демократски цунами“, која ги организираше и минатомесечните масовни протести кај аеродромот во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Групата во соопштение навдува дека протестите претставуваат „повик до меѓународната заедница да ја присили шпанската држава да сфати дека единствен начин е да се седне и да се разговара“.

Најновите протести се организирани само еден ден по парламентарните избори во Шпанија, пренесуваат американските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 12:51