Повеќе од 80 гробници се осквернети на еврејските гробишта во Данска, што се поврзува со претстојното одбележување на годишнината од „кристалната ноќ“.

Инцидентот се случил во гратчето Рандерс во западниот дел на Данска, а полицијата започна истрага.

– Повеќе од 80 надгробни споменици се исцртани со зелени графити, а дел од нив се урнати, соопшти полицијата.

Се претпоставува дека станува збор за евентуална антисемитска акција, но извршителите не оставиле никакви експлицитни антиеврејски пораки или симболи. Полицијата не открила кога гробиштата се уништени.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 16:12