Европската унија денеска го претстави системот за воведување санкции на Турција заради неовластено дупчење во Средоземното Море во близина на Кипар поради експлоатација на гас.

Ниту една турска компанија засега не е предмет на санкции, но министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија механизам што овозможува санкционирање на поединци или фирми кои учествуваат или се одговорни за неовластени активности.

Земјите-членки на ЕУ сега можат да ги посочат имињата на оние за кои сметаат дека треба да бидат опфатени со санкции, кои вклучуваат забрани за патувања и замрзнување средства за физички и правни лица, а на граѓаните и фирмите од ЕУ ќе им биде забрането да им даваат средства.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 18:14