Земјотрес со интензитет од 5,4 степени е регистриран во близина на Монтелимар во Дром-Франција, а повредени се четири лица, од кои едно е посериозно, јави дописникот на МИА.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од Монтелимар, а беше почувствуван во Лион, Монпелје, Сен-Етјен, Гренобл, Авињон и Марсеј.

Пожарникарите во Дром на Твитер објавија дека добиваат многу повици за помош и апелираа до граѓаните да не ги оптоваруваат непотребно телефонските линии за помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 20:05