Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони одби да сведочи на судењето на долгогодишниот соработник, осомничен дека се обидел да биде мост меѓу мафијата и политичарите.
Берлускони пред судот во Палермо, изјави дека неговите адвокати го советувале да не одговара на прашања, а тој одбил и да се фотографира или снима додека стоел пред судија.
Блискиот соработник на Берлускони и поранешен сенатор во време на неговиот мандат Марчело Дел Утри, беше осуден од понизок суд во случајот што се однесуваше на соработката помеѓу Костра ностра и државните институции по бомбашките напади во 1993 година во Фиренца, Рим и Милано.