Шпанската владејачка Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез денеска соопшти дека нема да формира голема коалиција со главната опозициска Народна партија (ПП).

– Нема да се обложиме на голема коалициска влада потпирајќи се на каталонските партии, кои се залагаат за независност на шпанската покраина, соопшти ПСОЕ.

На вонредните парламентарни избори ПСОЕ освои 120 од 350 места во Долниот дом од шпанскиот Парламент, ПП – 88, а десничарската партија Вокс доби 52 мандати.

Левичарската партија Подемос освои 35 места, додека Републиканската левица на Каталонија – 13, а десничарската партија Сиудаданос доби 10 пратеници.

Поради неуспехот на изборите, лидерот на Сиудаданос, Алберт Ривера денеска поднесе оставка. Сиудаданос вчера освои само 10 пратенички места, додека на изборите одржани на 28 април доби 57 мандати.

Ривера на прес-конференција изјави дека поднесува оставка бидејќи „неуспехот им припаѓа на лидерите“ и додаде дека поднесува оставка и од местото заменик во Конгресот.

Излезноста на вчерашните вонредни избори беше 69,94 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 20:10