Хрватскиот селектор Златко Далиќ потврди дека Иван Ракитиќ нема да биде во составот на хрватската фудбалска репрезентација на дуелот со Словачка во Ријека, кој за светските вицешампиони е клучен во квалификациите за Европското првенство.

Играчот на Барселона дојде во Загреб да се поздрави со селекторот и колегите од националниот тим, но има воспаление на ахиловата тетива, и мора да одмора барем една недела, па веднаш се врати во Барселона, каде треба да ја продолжи терапијата. На Хрватите им треба најмалку бод за да го освојат првото место.

– Многу ми е жал што нема да играм, со нетрпение го чекав овој меч со Словаците. Уверен сум дека момчињата ќе успеат и без мене. И во Словачка победија без мене, верувам дека така ќе биде и сега, рече Ракитиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2019 20:58