Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, денеска изјави дека демонстрантите кои се обидуваат да го „парализираат“ градот станале исклучително себични и се надева дека сите универзитети и училишта ќе ги повикаат учениците да не учествуваат во насилството.

Лам зборуваше еден ден откако полицијата со огнено оружје рани еден демонстрант, а втор беше запален, што беше една од најдраматичните сцени во текот на петмесечните граѓански немири.

Лам вчера изјави дека насилството ги надминува барањата на демонстрантите за демократија и дека демонстрантите сега им се непријатели на луѓето, пренесуват британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 12:35