Светски лидери, претставници на невладини организации, млади луѓе, претставници на бизнис групи и невладини организации денеска на самит во Најроби фокусирани се на ставање крај на превентивната смрт на мајките, исполнување на сите побарувања на жените за планирање на семејство и насоки за прекин на насилство врз жените и девојчињата до 2030 година.

Обврските се преземаат за време на тридневниот Самит во Најроби на ИЦПД (ICPD) – Меѓународна конференција за население и развој.

Самитот се одржува 25 години по Меѓународна конференција за население и развој во Каиро, каде што 179 влади усвоија Акциски план за зајакнување на правата на жените и сексуално и репродуктивно здравје за сите.

–Меѓународната конференција за население и развој во Каиро го започна притисокот да се стават жени и девојчиња во центарот на глобалниот развој. Таа визија на ИЦПД е се уште далеку од реалноста, и тој пат што почна пред 25 години во Каиро се уште не е одминат, нагласи извршниот директор на УНФПА, Наталија Канем на почетокот на самитот.

–Сега е време да ја завршиме таа недовршена работа.

Во изминатите 25 години, остварени се придобивки во зајакнувањето на здравствената заштита на мајките и проширувањето на пристапот до квалитетни информации и услуги за контрацепција. Но, се уште има многу што немаат корист од тие придобивки. Повеќе од 800 жени умираат за време на бременоста и породувањето секој ден и 232 милиони жени сакаат да ја спречат бременоста, но без да користат модерна контрацепција.

Самитот има за цел да ги реши тие проблеми, како и да се престане со насилство базирано на полова основа, да се спречат детски бракови осакатување на женски гениталии.

-Главната визија на ИЦПД– развој каде луѓето се на прво место, пристапот до здравствена заштита, образование и човечко достоинство да биде еднаков за сите луѓе – ја нагласи визијата за Агендата 2030 година, истакна заменик-генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед.

-Резултатите од Програмата за акција мора да бидат водат напред. Нашата заедничка рамка за луѓето, планетата, просперитетот, мирот и партнерството зависи од тоа, додаде Мохамед.

Министерот за развој на Данска Расмус Прен потенцира дека државата ќе биде меѓу најголемите донатори во светот за поддршка на агендата на ИЦПД.

-Особено за заштита на сексуалното и репродуктивно здравје и права на жените и девојчињата. Данска ќе продолжи да работи на самиот фронт заедно со партнерите. Ако сакаме да ја достигнеме Агендата до 2030 година, мора да го исполниме ветувањето од Каиро.

Самитот е организиран од владата на Кенија и владата на Данска како и од УНФПА и на него се очекува мобилизирање на политичката волја и обебзедување финансиски заложби итно потребни за сексуалното и репродуктивно здравје да биде реалност за секого, секаде.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 13:37