На неодамнешниот фудбалски натпревар Гремио – Интернационал, бразилската инстаграм-манекенка и ди-џеј Мајкели Мјул го прослави водството на домаќинот од 2:0, соблекувајќи ја маицата.
3а среќа, таа не беше „сосем гола“, туку има црни ленти на градите, како што се гледа на, очигледно – намерно и умислено направената водеоснимка од навивач.
Русокосата старлета потоа рече дека ги покажала градите само заради интернет-слава, што некои на социјалните мрежи го прифатија на нож. Се појавија и коментари дека тоа е против борбата на жените за еднаквост, не само во фудбалот, туку и во општеството како целина.
Можеби најмногу од сè тоа му засмета на коментаторот Родригез Адамс. Откако Мјул во неговото интервју призна дека таа го сторила тоа за внимание, тој демонстративно го напуштил студиото.