Состанокот на рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, не би значел многу доколку не е добро подготвен, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Москва сега е фокусирана на следниот самит во нормандиски формат.
– Путин рече дека тој лично никогаш не одбива такви состаноци, но верува дека средба поради средба малку може да придонесе и затоа се потребни темелни подготовки, нагласи Песков.
Поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев изјави дека планира да договори тет-а-тет средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, кој веќе го прифатил состанокот.