Каталонскиот парламент денеска усвои необврзувачки документ со кој ја изразува желбата за спроцедување на правото на самоопределување, и покрај предупредувањето од Уставниот суд на Шпанија.

-Документот повикува на политичка акција, но нема правно дејство, изјави портпаролката на парламентот за британските медиуми.

Шпанскиот Уставен суд ги предупреди каталонските пратеници дека ќе се соочат со правни последици доколку поддржат предлог во кој ќе се наведува дека парламентот изразил „ волја на конкретен начин да го спроведе правото на самоопределување и дека ја почитува волјата на каталонскиот народ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2019 14:14